Одржливост

Еуроникел е посветен на одговорно и одржливо работење со создавање безбедно работно место, минимизирање на влијанијата врз животната средина и со обезбедување поддршка на локалните заедници.

Ова се постигнува преку сеопфатна рамка за идентификација и управување со ризикот, поддржана од систем на стандарди и политики кои редовно се ревидираат за да се обезбеди нивната ефикасност и усогласеност со најдобрите меѓународни практики.

Наш стремеж се највисоките стандарди за управување со животната средина и безбедноста и сертифицирани сме со ISO 14001:2015 за управување со животната средина.

Здравје и Безбедност

Еуроникел има за цел континуирано да ги подобрува своите здравствени и безбедносни перформанси, со цел создавање на работна средина со нулта-штетност за вработените и изведувачите. Клучен фокус на нашите политики е промовирање на безбедно и здраво однесување од страна на нашите вработени сила во сите нивни активности.

Клучните безбедносни практики редовно се разгледуваат и ревидираат за да се обезбеди постојана усогласеност со законите и стандардите за најдобри практики. Еуроникел исто така има воведено сеопфатна програма за обука и мониторинг на здравјето на персоналот, фокусирана на приоритетните области, утврдени преку процесите за проценка на ризикот, спроведени од службата за безбедност и здравје при работа. Севкупните заложби на компанијата за креирање безбедна и здрава работна средина за вработените се потврдени со имплементацијата на стандардот за безбедност и здравје при работа ISO 45001:2018.

Дополнително, Еуроникел обезбедува превентивна здравствена заштита за вработените преку својата амбуланта и медицинскиот тим, што се лоцирани во самата фабрика, кои обезбедуваат програми за обука за безбедност при работа, како и совети за одржување на здрав начин на живот.

Животна средина

Еуроникел има за цел да ја исполни или надмине релевантната национална и европска регулатива за животната средина. Фабриката континуирано ги следи своите емисии и има воспоставено сеопфатен систем за управување со отпад.

Емисиите на SO2, NOx, CO2 и емисиите на прашина од работењето на Еуроникел се во рамките на релевантните гранични вредности на емисии во Северна Македонија и ЕУ, како резултат на значителни инвестиции, надградби на агрегатите и подобрена супресија на прашината.

Еуроникел има А-Интегрирана еколошка лиценца, во согласност со Европската ИСКЗ директива.

ИНИЦИЈАТИВА GOING GREEN

Нема сомнеж дека климатската криза е предизвик што ги одбележа времињата во кои живееме. Иако светот неодамна се соочи со здраствена криза со невидено социо-економско влијание, нема основа за било какво натамошно одлагање на толку потребното климатско дејствување кое има за цел да ја обезбеди нашата иднина и иднината на следните поколенија. Токму затоа, во согласност со амбициите на Европската Унија за намалување на стакленичките гасови до 55% до 2030 година, а имајќи предвид дека електричната енергија е најголем и најзастапен вид на енергија во нашиот производен процес, Еуроникел одлучно се обврзува на постепено преминување на електрична енергија од обновливи извори, со што драстично ќе се намалат нашите емисии на стакленички гасови. Нашиот прв фотонапонски проект со моќност од 35MW е веќе во тек со зацртана дата за реализација и пуштање во работа до крајот на 2022 година.

Во меѓувреме, во насока на заштита на животната средина, нашите напори да дејствуваме проактивно, а не само реактивно, како што е примерот со замена на класичните фосилни горива со био-горива, колку што е можно повеќе и да го прилагодиме нашиот производен процес соодветно, продолжуваат понатаму.

Заедница

Ние сме посветени на градење и одржување на нашата социјална лиценца за работа преку транспарентни и конструктивни, долгорочни односи со сите засегнати страни, вклучително и со нашите заедници, домаќини.

Еуроникел создава значителни придобивки за заедницата преку вработување, добавување стоки и услуги, плаќање даноци и концесиски надоместоци и инвестиции во инфраструктурата и затоа настојуваме да се изградиме преку воспоставување долгорочни партнерства со засегнатите страни.

Каде што е применливо, работиме со локални добавувачи за да обезбедиме и создадеме максимална корист за локалните заедници. Нашиот ланец на снабдување опфаќа повеќе од 1.000 домашни компании.

Еуроникел обезбедува постојана поддршка на локалната заедница преку проекти, вклучувајќи:

  • Финансиски и материјални донации за инфраструктурни проекти (како што е одржување на патиштата)
  • Еден од главните спонзори на манифестацијата „Тиквешки Гроздобер“
  • Спонзорство на Алшар – трка за велосипеди и планинарење
  • Спонзорство на локални турнири, вклучувајќи фудбал, останати спортови и слични настани.

Еуроникел е основач на локалниот кошаркарски клуб Кавадарци, ЕУРОНИКЕЛ 2005, еден од водечките кошаркарски клубови во Северна Македонија, како и на кошаркарската академија за деца и млади.

Етика

Еуроникел е посветена на исполнување на највисоките стандарди на деловна етика. Настојуваме да се однесуваме кон сите засегнати страни на фер и транспарентен начин.

Имплементирани стандарди

Euronickel’s GOING GREEN Initiative

We are proud to announce our plans to contribute to the EU’s 2030 Climate Target Plan.

Read more