Политика за приватност

Политика за приватност

Обновено на: 20 јули 2021

Оваа политика за приватност ги опишува нашите политики и процедури за прибирање, користење и откривање на Вашите информации кога ја користите Услугата и Ви кажува за Вашите права на приватност и како Ве штити законот.

Ги користиме вашите лични податоци за да ја обезбедиме и подобриме Услугата. Со користење на Услугата, се согласувате на прибирање и употреба на информации во согласност со оваа Политика за приватност.

 

Толкување и Дефиниции

Толкување

Зборовите со голема почетна буква, имаат значење дефинирано под следниве услови. Следните дефиниции имаат исто значење, сеедно дали се појавуваат во еднина или во множина.

 

Дефиниции

За потребите на оваа Политика за приватност:

  • Сметка значи единствена сметка создадена за да имате пристап до нашата Услуга или делови од нашата Услуга.
  • Компанијата (или „Компанијата“, „Ние“, „Нас“ или „Наша“) се однесува на Еуроникел Индустри ДОО, с. Возарци б.б. 1430 Кавадарци Република Северна Македонија.
  • Колачињата се мали датотеки што се поставени на вашиот компјутер, мобилен уред или кој било друг уред од страна на веб-страница, кои содржат детали за историјата на прелистување на веб-страницата меѓу повеќекратните употреби.
  • Држава се однесува на: Република Северна Македонија
  • Уред означува секој уред што може да пристапи до Услугата, на пример компјутер, мобилен телефон или дигитален таблет.
  • Лични податоци се сите информации поврзани со идентификувана или личност која може да се идентификува.
  • Услуга се однесува на Веб-страницата.
  • Давател на услуги значи секое физичко или правно лице кое ги обработува податоците во име на Компанијата. Се однесува на компании од трети страни или физички лица вработени во компанијата за да ја олеснат Услугата, да ја обезбедат Услугата во име на Компанијата, да вршат услуги поврзани со Услугата или да и помагаат на Компанијата во анализата на користењето на Услугата.
  • Податоци за Употреба се однесува на автоматски прибирани податоци, генерирани со употреба на Услугата или од самата Услужна инфраструктура (на пример, времетраење на посета на веб-страницата).
  • Веб-страница се однесува на Еуроникел Индустри, достапна од https://www.euronickel.com
  • Вие се однесува на поединецот кој пристапува или користи Услуга, или компанија или друго правно лице во име на кое такво лице пристапува или ја користи Услугата, како што е применливо.

 

Прибирање и Користење на Вашите Лични Податоци

Видови на Податоци кои се Прибираат

Лични Податоци

Додека ја користите Нашата Услуга, Ние можеме да побараме да Ни доставите одредени идентификувачки информации кои би се користеле за да Ве контактираме или идентификуваме. Информациите за лична идентификација може да вклучуваат, но не се ограничени на:

  • Е-маил адреса
  • Име и презиме
  • Телефонски број
  • Податоци за употреба

 

Податоци за употреба

Податоците за употреба се прибираат автоматски кога се користи Услугата.

Податоците за употреба може да вклучуваат информации како што се адреса на Интернет протокол на Вашиот уред (пр. IP адреса), тип на прелистувач, верзија на прелистувач, страниците на нашата услуга што ги посетувате, времето и датумот на вашата посета, времето поминато на тие страници, уникатни идентификатори на уредот и други дијагностички податоци.

Кога пристапувате до Услугата од или преку мобилен уред, може да прибереме одредени информации автоматски, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на типот на мобилен уред што го користите, уникатна идентификација на вашиот мобилен уред, IP адресата на вашиот мобилен уред, вашиот мобилен оперативен систем, типот на мобилен интернет прелистувач што го користите, уникатни идентификатори на уредите и други дијагностички податоци.

Ние исто така може да прибереме информации што Вашиот прелистувач ги испраќа секогаш кога ја посетувате нашата Услуга или кога пристапувате на Услугата од или преку мобилен уред.

 

Технологии за следење (Tracking технологии) и колачиња

Користиме колачиња и слични технологии за следење за да ја следиме активноста на нашата услуга и да складираме одредени информации. Користените технологии за следење се светилници (beacons), ознаки и скрипти за прибирање и следење на информации и за подобрување и анализирање на нашата услуга. Технологиите што ги користиме може да вклучуваат:

  • Колачиња или Колачиња за Прелистувачи. Колаче е мала датотека поставена на Вашиот Уред. Може да направите Вашиот прелистувач да ги одбие сите Колачиња или да наведе кога се испраќа Колаче. Меѓутоа, доколку не ги прифатите Колачињата, можно е да не можете да користите делови од нашата Услуга. Освен ако не сте ја прилагодиле поставката на Вашиот прелистувач да одбива Колачиња, нашата Услуга може да користи Колачиња..
  • Веб-светилници (Beacons). Одредени делови од нашата Услуга и нашите е-маилови може да содржат мали електронски датотеки познати како веб-светилници (исто така се нарекуваат јасни gif-ознаки, пикселни ознаки и gif-единици со еден пиксел) што и дозволуваат на Компанијата, на пример, да брои корисници кои ги посетиле тие страници или отвори е-пошта и за друга поврзана статистика на веб-страница (на пример, заведување на популарноста на одреден дел и проверка на интегритетот на системот и серверот).

Колачињата можат да бидат колачиња „Постојани“ или „Колачиња за Сесија“. Постојаните колачиња остануваат на вашиот персонален компјутер или мобилен уред кога ќе бидете офлајн, додека Колачињата за сесија се бришат веднаш штом ќе го затворите вашиот веб-прелистувач.

 

Користиме и Постојани и Колачиња за Сесија за следниве намени:

  • Потребни / Неопходни колачиња: Колачиња за сесија Администрирано од: Нас. Цел: Овие колачиња се од суштинско значење за да Ви обезбедат услуги достапни преку веб-страницата и да Би овозможат да користите некои карактеристики. Тие помагаат за автентикација на корисниците и спречуваат лажно користење на кориснички сметки. Без овие колачиња, услугите што ги барате не можат да се обезбедат и ние ги користиме овие колачиња само за да ви ги обезбедиме тие услуги.
  • Политика за Колачиња / Известување за Прифаќање на Колачиња: Постајани колачиња администрирани од: Нас. Цел: Овие колачиња идентификуваат дали корисниците прифатиле употреба на Колачиња на веб-страницата.
  • Колачиња за Функционалност: Постојани колачиња администрирани од: Нас. Цел: Овие колачиња ни овозможуваат да ги запомниме изборите што ги правите кога ја користите веб-страницата, како што се помнење на деталите за најавување или изборот на јазик. Целта на овие колачиња е да Ви овозможат поперсонализирано искуство и да се избегне повторно внесување на вашите преференции секогаш кога ја користите веб-страницата.

За повеќе информации во врска со колачињата што ги користиме и вашите избори во врска со колачињата, посетете ја нашата Политика за колачиња или делот Колачиња од нашата Политика за Приватност.

 

Користење на Вашите Лични Податоци

Компанијата може да користи лични податоци за следниве намени:

  • Да ја обезбедиме и одржуваме нашата Услуга, вклучително и да го следиме користењето на нашата Услуга.
  • За управување со Вашите барања: за пристапување до и управување со Вашите барања до нас.
  • За деловни трансфери: Можеме да ги искористиме Вашите информации за да процениме или спроведеме спојување, дивестиција, преструктуирање, реорганизација, распуштање или друга продажба или пренесување на некои или сите Наши средства, без разлика дали се работи за постојан интерес или како дел од банкрот, ликвидација или слична постапка, во која Личните Податоци што ги чуваме за Нашите корисници на Услуги се меѓу пренесените средства.
  • За други цели: Можеме да ги користиме Вашите информации за други цели, како што се анализа на податоци, идентификување на трендовите на употреба, утврдување на ефективноста на нашите промотивни кампањи и проценка и подобрување на нашата Услуга, производи, услуги, маркетинг и вашето искуство.

 

Можеме да ги споделиме Вашите лични информации во следниве ситуации:

  • За деловни трансфери: Можеме да ги споделиме или пренесеме Вашите лични информации во врска со или за време на преговорите за какво било спојување, продажба на средства на компанијата, финансирање или купување на целата или дел од Нашата деловна активност на друга компанија.
  • Со Ваша Согласност: За било која друга цел можеме да ги споделиме Вашите лични информаци со Ваша дозвола.

 

Задржување на Вашите Лични Податоци

Компанијата ќе ги задржи Вашите Лични Податоци само онолку колку што е потребно за целите утврдени во оваа Политика за Приватност. Ние ќе ги задржиме и користиме Вашите Лични Податоци до потребниот степен за да се усогласат со нашите законски обврски (на пример, ако од нас се бара да ги задржиме вашите податоци за да се усогласат со важечките закони), да ги решиме споровите и да ги спроведуваме нашите правни договори и политики.

Компанијата, исто така, ќе ги задржи податоците за употреба заради внатрешна анализа. Податоците за Употреба обично се чуваат пократок временски период, освен кога овие податоци се користат за зајакнување на безбедноста или за подобрување на функционалноста на Нашата Услуга или ние сме законски обврзани да ги задржуваме овие податоци подолги временски периоди.

 

Пренос на Вашите Лични Податоци

Вашите информации, вклучително и Лични Податоци, се обработуваат во канцелариите на Компанијата и на кое било друго место каде што се наоѓаат страните вклучени во обработката. Тоа значи дека оваа информација може да се пренесе на – и да се одржува на – компјутери лоцирани надвор од Вашата држава, провинција, земја или друга владина јурисдикција, каде законите за заштита на податоците може да се разликуваат од оние од Вашата јурисдикција.

Вашата согласност за оваа Политика за приватност проследена со Ваше доставување на такви информации претставува Ваш договор за преносот.

 

Компанијата ќе ги преземе сите чекори кои разумно

се неопходни за да се осигура дека Вашите податоци се третираат безбедно и во согласност со оваа Политика за Приватност и нема да се изврши пренесување на Вашите Лични Податоци до организација или земја, освен ако постојат соодветни контроли вклучително и безбедноста на Вашите податоци и други лични информации.

 

Споделување на Вашите Лични Податоци

Деловни Трансакции

Ако Компанијата е вклучена во спојување, купување или продажба на средства, Вашите Лични Податоци може да бидат пренесени. Ние ќе дадеме известување пред Вашите Лични Податоци да бидат пренесени и да станат предмет на поинаква Политика за Приватност.

 

Спроведување на Законот

Под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги сподели Вашите Лични Податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавни органи (на пример, суд или владино тело).

 

Други законски барања

Компанијата може да ги сподели Вашите Лични Податоци во добронамерно верување дека е потребно такво постапување за:

  • Да се усогласи со законска обврска
  • Да ги заштити и одбрани правата и сопственоста на Компанијата
  • Да спречи или истражи можен престап во врска со Услугата
  • Да ја заштити личната безбедност на корисниците на Услугата или јавноста
  • Заштита од правна одговорност

 

Безбедност на Вашите Лични Податоци

Безбедноста на Вашите Лични Податоци ни е важна, но запомнете дека ниту еден метод за пренесување преку Интернет, или методот на електронско складирање не е 100% безбеден. Иако се трудиме да користиме комерцијално прифатливи средства за заштита на Вашите Лични Податоци, не можеме да ја гарантираме нивната апсолутна безбедност.

 

Детални информации за обработката на Вашите Лични Податоци

Давателите на услуги што ги користиме може да имаат пристап до Вашите Лични Податоци. Овие продавачи на трети страни прибираат, чуваат, користат, обработуваат и пренесуваат информации за Вашата активност на Нашата Услуга во согласност со нивните Политики за Приватност.

 

Употреба, Перформанси и останато

Можеме да користиме Даватели на Услуги од трети страни за да обезбедиме подобрување на нашата Услуга.

 

Приватност на Деца

Нашата Услуга не се однесува лица помлади од 13 години. Ние свесно не прибираме идентификувачки информации лица под 13 години. Ако сте родител или старател и сте свесни дека Вашето дете Ни доставило Лични Податоци, ве молиме Контактирајте не. Доколку станеме свесни дека сме прибрале Лични Податоци од некој на возраст под 13 години без потврда на родителска согласност, преземаме чекори да ги отстраниме тие информации од Нашите сервери.

 

Ако треба да се потпреме на согласност како правна основа за обработка на Вашите информации и Вашата земја бара согласност од родител, може да побараме согласност од Вашиот родител пред да ги прибереме и искористиме тие информации.

 

Линкови до други веб-страници

Нашата Услуга може да содржи линкови до други веб-страници кои не ги управуваме Ние. Ако кликнете на врската од трета страна, ќе бидете упатени на страната на таа трета страна. Нагласено ве советуваме да ја разгледате Политиката за Приватност на секоја веб-страница што ја посетувате.

Немаме никаква контрола и не преземаме никаква одговорност за содржината, политиките за приватност или практиките на кои било веб-страници или услуги од трета страна.

 

Измени во Политиката за Приватност

Повремено може да ја ажурираме Нашата Политика за Приватност. За какви било промени со објавување на новата Политика за Приватност на оваа страница ќе бидете известени.

Ќе ве известиме преку е-пошта и / или истакнато известување за Нашата Услуга, пред промената да стане ефективна и да го ажурираме датумот „Последен пат ажуриран“ на врвот на оваа Политика за Приватност.

Ве советуваме периодично да ја прегледувате оваа Политика за Приватност за какви било измени. Измените во оваа Политика за Приватност се ефективни кога ќе бидат објавени на оваа страница.

 

Контактирајте нѐ

Ако имате какви било прашања во врска со оваа Политика за Приватност, можете да нѐ контактирате:

Преку телефон: +389 43 421 904

По пошта: с.Возарци б.б. 1430 Кавадарци Република Северна Македонија

Euronickel’s GOING GREEN Initiative

We are proud to announce our plans to contribute to the EU’s 2030 Climate Target Plan.

Read more