Еуроникел е посветен на производство на производи со највисок квалитет и е сертифициран со ISO 9001 за управување со квалитет. Фероникелот произведен во Еуроникел е регистриран според Европската регулатива REACH.
Еуроникел произведува фероникел гранули со висок квалитет и ниско ниво на јаглерод што содржат приближно 20% никел и 80% железо, кои првенствено се користат во производството на нерѓосувачки челик.
Нашиот фероникел се испорачува рефус или во вреќи од 1,8 тони, од Северна Македонија до најголемите производители на челик во Европа и на меѓународно ниво. Заради физичките карактеристики на фероникел гранулите, тие се лесни и економични за ракување, без можност за контаминација.
Згурата која произлегува како спореден производ од процесите за рафинирање кои се применуваат во Еуроникел, исто така, се продава на клиенти низ целиот свет. Згурата од електро-печките има широк спектар на примена, вклучувајќи ја и градежната индустрија. Згурата од нашите конвертори се користи за изолација и обложување на цевководи и како материјал за пескарење во бродоградбената индустрија.