Кариери

Еуроникел работи на развивање и поттикнување култура на високи перформанси со цел подобрување на резултатите, рационализирање на процесите и споделување на знаење, искуство и експертиза во сите области.

Наша цел е да регрутираме и задржуваме талентирани професионалци преку инвестирање во обука и вештини преку, процес на континуирано образование и унапредување.

Нашите вработени

Еуроникел се потпира на својата високо квалификувана работна сила за да работи успешно. Затоа, одржувањето и развојот на човечките ресурси е клучен управувачки фокус.

Ние применуваме сеопфатна програма за развој на кариера со цел да го задржиме и унапредиме клучниот персонал за да се излезе во пресрет на нашите деловни потреби.

Сите вработени учествуваат во редовни проценки на работењето и оние со висок учинок и потенцијал се избрани за специјални програми за кариерен развој.