За нас

Еуроникел поседува и управува со фабрика за преработка на никелова руда во Кавадарци, Северна Македонија. Во фабриката се произведува висококвалитетен никел во форма на фероникел за употреба во индустријата за производство на нерѓосувачки челик.

Како одговорен производител, ние сме посветени на континуирано подобрување на перформансите на нашето работење во корист на сите засегнати страни.

Вработуваме околу 1000 луѓе, што нè прави еден од најголемите работодавачи во Северна Македонија и преку нашиот ланец на снабдување, имаме значаен голем придонес кон економијата на земјата.

Компанијата е членка на Стопанската комора на Република Северна Македонија и член на Металуршкото здружение на Северна Македонија.

Еуроникел беше купена во 2019 година од страна на ГСОЛ, Global Special Opportunities Ltd. (GSOL).

Стратегија

По рестартирањето на фабриката под новото раководство, Еуроникел иницираше програма за инвестирање, со цел надградба на фабриката и зголемување на производството – со ставање во работа на целосно обновена електро-печка.

Оваа инвестиција вклучува сеопфатна програма за модернизација заради усогласување на работните практики со меѓународните стандарди за најдобра практика.

Цел И Стратешка Насока

Цел:

  • Да произведуваме фероникел на одржлив начин;
  • Да произведуваме фероникел со оптимално користење на локалните ресурси, како што е локален персонал, локални набавки итн.;
  • Да бидеме интегрирани во националната и локалната економија и да бидеме корисен дел од истата.

Мисија:

  • Да ги исполниме сите барања на клиентите ( во смисол на квалитет, испорака, постпродажен сервис);
  • Целосна усогласеност со националната и меѓународната легислатива и примена на најдобрите работни стандарди и практики во секојдневното работење и активности;
  • Секогаш кога е можно, да се заменат класичните фосилни горива со обновливи материјали;
  • При еднакви комерцијални услови, да се даде предност на локални/домашни добавувачи.

Визија:

  • Одржлив и долгорочен развој, со што ќе бидеме пример во државата за модерна компанија;
  • Да бидеме број 1 производител на фероникел во Европа, и притоа да го задржиме локалното присуство во државата и поконкретно во Кавадарци;
  • Меѓународно признат и респектибилен добавувач на фероникел.

Вредности:

  • Интегритет, следливост, транспарентност и фер однос во сите фази на работењето, од набавка на суровини, преку производство, до испорака на фероникелот на клиентите;
  • Ефикасен, продуктивен, чесен и посветен пристап кон работата на секој поединец во организацијата;
  • Заштита и надгледување на животната средина, создавање безбедни работни места, целокупен придонес кон подобрување на квалитетот на живот на сите засегнати страни.

Раководство

Со Еуроникел раководи Герасим Кујунџиев, генерален директор на компанијата.

Историја

По истражувањата во 1950-тите и тестирањето на рудите во 1960-тите, компанијата (тогаш позната како ФЕНИ) започнала да ги гради печките и придружна инфраструктура во 1970-тите. Првиот никел во форма на фероникел бил произведен во 1982 година, од локални руди и годишното производство изнесувало околу 2.000 тони.

Фабриката оттогаш работи под неколку различни сопствеништва, а нејзиниот раст главно е поврзан со глобалните цени на никел и електрична енергија. Во 2017-2018 фабриката влегува во процес на реструктурирање.

Во текот на 2018 година, ГСОЛ инвестираше во успешно рестартирање на процесот за производство на никел, според договор за процесирање и го престави својот план за реструктурирање на деловниот потфат.

Во јануари 2019 година, ГСОЛ успешно ја превзема фабриката, го смени името од ФЕНИ Индустри во Еуроникел Индустри и сега инвестира со цел фабриката да го достигне својот целосен производен капацитет.

Денес Еуроникел е една од најголемите компании во Северна Македонија што вработува околу 1000 луѓе и има ланец на снабдување кој опфаќа повеќе од 1000 домашни и стотици меѓународни компании.

Euronickel’s GOING GREEN Initiative

We are proud to announce our plans to contribute to the EU’s 2030 Climate Target Plan.

Read more